Без вода улицата Борис Трајковски
- Поради дефект на улицата Борис Трајковски бб (спроти Веро), денеска од 11:50 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Поради дефект на улицата Борис Трајковски бб (спроти Веро), денеска од 11:50 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдување ќе биде до завршување со санација на дефектот.
Фото: МИА архива