Без вода село Горно Лисиче и дел од „Македонско-косовска бригада“ и „Индира Ганди“
- Од јавното претпријатие додадоа дека засегнатите ќе бидат без вода за пиење до завршување со санација на дефектите.
Скопје, 31 март 2026 (МИА) - Од 11 часот без вода за пиење ќе останат корисниците на дел од улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Индира Ганди“, како и село Горно Лисиче, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
- Поради дефект на приклучна цевка на „Македонско-косовска бригада“ 4/30, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Македонско косовска бригада“ и дел од „Индира Ганди“, појаснија од јавното претпријатие.
Додека поради уличен дефект на „Божин Николов - Силни“ број 60, прекинато ќе било и водоснабдувањето за корисниците од село Горно Лисиче.
Од јавното претпријатие додадоа дека засегнатите ќе бидат без вода за пиење до завршување со санација на дефектите. бд/вј/
Фото: МИА архива