Без вода населбата Бардовци
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Прекинато е водоснабдувањето за корисниците од населбата Бардовци, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснија од претпријатието, изведување технички зафат во пумпна станица е причината поради што засегнатите се без вода за пиење.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/
Фото: МИА архива