• понеделник, 01 јули 2024

Без вода кули Расадник и дел од Карпош

Без вода кули Расадник и дел од Карпош

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од кулите Расадник во Кисела Вода и неколку улици во Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на ул.1511/12б, во кули Расадник, Кисела Вода.

Поради дефект на приклучна цевка и дефект во шахта на улица „Даскал Камчев“ бр.3 во Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците: „Даскал Камчев“, „Гиго Михајловски“, „Иван Аговски“ и дел од „Руѓер Бошковиќ“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. ир/вг/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан