• петок, 12 декември 2025

Без вода дел од улиците „Киро Глигоров“ и „Индустриска“

Без вода дел од улиците „Киро Глигоров“ и „Индустриска“

Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводна цевка на улица „Киро Глигоров“ бб. спроти ФОН, попладнево во 16:20 часот прекинато е водоснабдувањето на дел од корисниците од оваа улица,  како и  од ул. „Индустриска“ позади салонот Мерцедес и А&Б Груп зградите.

- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан