Без вода дел од селото и викенд населбата Љубанци
- Поради уличен дефект ф110 милиметри во село Љубанци, во делот под резервоарот, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „7“, „1“ и „5“ од селото, како и викенд населбата Љубанци.
Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Поради уличен дефект ф110 милиметри во село Љубанци, во делот под резервоарот, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „7“, „1“ и „5“ од селото, како и викенд населбата Љубанци.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9 часот, па до завршување на дефектот. бд/сп/