Без вода дел од општините Ѓорче Петров и Чаир
- Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите на комплексот „Александрија“ во Општина Ѓорче Петров.
Скопје, 31 декември 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите на комплексот „Александрија“ во Општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект од ф-150 милиметри на улицата „Ацо Шопов“, кај бензинската станица „Лукоил“.
Поради дефект во шахта на улица „Благоја Паровиќ“ 12Б, денеска од 9:20 часот без вода се дел од корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/са/
Фото: МИА архива