• недела, 30 јуни 2024

Без вода дел од населба Влае

Без вода дел од населба Влае

Скопје, 19 септември 2023 (МИА) - Во прекин е снабдувањето со вода за корисниците на дел од населба Влае поради уличен дефект што се случил попладнето во 16 часот на ул. „Влае“ бб.

ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека се работи на санирање на дефект предизвикан од страна на градежна фирма при вршење на ископ на ул. „Влае“ бб (до Макпетрол) во Општина Карпош. 

Прекинот ќе трае до завршувње на активностите за санирање на дефектот.

Остани поврзан