Без вода дел од корисниците од „Мариовска“
- Како што појаснуваат од претпријатието, причината е дефект на приклучна цевка.
Скопје, 30 декември 2025 (МИА) - Без вода во моментов се дел од корисниците од улицата „Мариовска“, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснуваат од претпријатието, причината е дефект на приклучна цевка.
Прекин во водоснабдувањето имале корисниците од крак 1 до крак 5 на „Мариовска“. бд/са/
Фото: МИА архива