Без вода дел од жителите на скопското село Добри Дол
- Дел од жителите на скопското село Добри Дол, во општина Сопиште денеска од 10:15 часот имаат прекин во водоснабдувањето.
![Без вода дел од жителите на скопското село Добри Дол](https://new.mia.mk/images/20221113220224_big_730x400_34.webp )
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Дел од жителите на скопското село Добри Дол, во општина Сопиште денеска од 10:15 часот имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен дефект во селото Добри Дол. Жителите ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/цр