• недела, 06 октомври 2024

Без вода дел од жителите на Општина Кисела Вода

Без вода дел од жителите на Општина Кисела Вода

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Без вода вечерва од 19 часот се дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“, од кулите до кружниот тек во Кисела Вода и дел од улицата „Димо Хаџи Димов“. Намален притисок ќе имаат жителите лоцирани на улица „Ѓорѓи Димитров“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка Ф-200 милиметри на улица „Христо Татарчев“ број 60, кај Дизајн Фантазија. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/мч/

Фото: МИА архива 

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан