• петок, 12 декември 2025

Без вода дел од бул.„АСНОМ“, Фудбалска федерација и ЕВН во Аеродром

Без вода дел од бул.„АСНОМ“, Фудбалска федерација и ЕВН во Аеродром

Скопје, 11 декември 2025 (МИА) -  Без вода вечерва од 20.30 часот ќе бидат корисниците од бул. „АСНОМ“, на потегот од бул.„Србија“ до ул.„Февруарски поход“, како и објектите на Фудбалската Федерација и ЕВН во општина Аеродром. 

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека причина за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект на бул.„Србија“, крстосница со бул.„АСНОМ“ општина Аеродром. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан