Без вода висока зона во Неготино
- Водата ќе биде пуштена веднаш по санирањето на дефектот, информираа од претпријатието.
Неготино, 10 март 2026 (МИА) - Без вода во моментов е висока зона во Неготино.
Од Јавното претпријатие „Комуналец“ - Неготино соопштија дека поради санирање на дефект во водомерна шахта под резервоарот за висока зона, во прекин е вододнабдувањето за потрошувачите кои се снабдуваат од висока зона.
- Водата ќе биде пуштена веднаш по санирањето на дефектот, информираа од претпријатието. свд/dma/
Фото: МИА архива