Без билети или со фалсификати на финалето во ЛШ се обиделе да влезат 30-40 илјади навивачи
- Помеѓу 30.000 и 40.000 навивачи без или со лажни билети се обиделе да влезат на саботното финале во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0) во Париз.
![Без билети или со фалсификати на финалето во ЛШ се обиделе да влезат 30-40 илјади навивачи](https://new.mia.mk/images/20221113144305_big_730x400_26.webp )
Париз, 30 мај 2022 (МИА) - Помеѓу 30.000 и 40.000 навивачи без или со лажни билети се обиделе да влезат на саботното финале во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0) во Париз.
Ова се наведува во извештајот на француската полиција, објавија француските медиуми. Според органите на редот, околу 300-400 млади луѓе од локалното предградие Сен Дени сепак успеале бесплатно да влезат на „Стад де Франс“.
За да создаде ред, полицијата употреби и солзавец, а поради инцидентот пред стадионот, финалето доцнеше повеќе од половина час.
Натпреварот заврши со победа на Реал Мадрид со 1:0. зс/