• недела, 22 декември 2024

Бегај: Заслужено достигнување на Косово, доказ за посветеноста на европските вредности

Бегај: Заслужено достигнување на Косово, доказ за посветеноста на европските вредности

Тирана, 28 март 2024 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај го поздрави усвојувањето на извештајот на Комитетот за политика и демократија на Советот на Европа за Косово, со кој земјата се приближува на чекор до членство во Советот на Европа.

Според него, ова е „заслужено достигнување на Косово во неговиот пат кон полноправно членство во Советот на Европа“ и ја докажува „цврстата политичка посветеност на Косово кон европските вредности и стандарди“.

- Заслужено достигнување на Косово во неговиот пат кон полноправно членство во Советот на Европа. Ова ја докажува непоколебливата политичка посветеност на Косово кон европските вредности и стандарди, напиша Бегај на платфорната Х.

Овој чин кој го приближува Косово до полноправно членство го поздрави и министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, претседателката на парламентот Линдита Никола, како и лидери на политички партии.

- Честитки до Косово за поканата што му ја упати политичкиот комитет на парламентарното собрание на Советот на Европа да стане дел од Советот на Европа, напиша Хасани во објавата на платформата Х.

Хасани оценува дека „овој важен чекор доаѓа како резултат на континуираната посветеност на Косово кон вредностите на демократијата, човековите права и владеењето на правото“.

- Очекуваме априлската сесија на Парламентарното собрание да го отвори патот за завршување на процесот за членство на Косово во Советот на Европа, наведува Хасани. вт/паг/

Фото: Бегај ФБ

Остани поврзан