• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Можеби ќе треба да се одложи конгрест на Демократската партија во јули

Бајден: Можеби ќе треба да се одложи конгрест на Демократската партија во јули
  Вашингтон, 1 април 2020 (МИА) Поранешниот потпретседател Џо Бајден, најверојатен претседателскиот кандидат од демократите, смета дека коронавирусната пандемија суштествено ќе ја промени програмата или презакаже јулските партиски собири на демократите, кога официјално се номинира претседателскиот кандидат. Националните партиски конгреси на Демократската и на Републиканската партија се организраат еднаш во четири години и се еден од најважните елементи на амриканската демократија. Сепак, како што синоќа изјави Бајден во интервју за Ем-ес-ен-би-си, „тешко е да се претпостави“ дека собирот на демократите закажан в јули во Милвоки, Висконсин, би се одвивал според планираното. Собирот на Репубчликанската партија пак е закажан за во август и треба да се одржи во Шарлот, Северна Каролина. Бајден изјави дека најрвин треба да се слушнат научниците, за да стане малку појасно дали толку масовен настан на кој земаат учествуво повеќе илјади демократи и стотина новинари, ќе биде безбедно да се организира во јули. Моментално во САД има ограничувања на движењето на луѓето и таков настан би било невозможно да се оддржи. Поради ширењето на коронавирусот во земјата, властите во САД препорачуваат Американците да не се собираат во групи поголеми од десет луѓе, а во некои градови полицијата веќе започна да ги задржува непочитувачите на наредбите. Претседателот Доналд Трамп, кој се номинира за втор мандат, ги продолжи препораките за созцијално дистанцирање до 30 април, во време кога бројот на жртвите во земјата се зголемува со прогресија од неколку стотици дневно. Отприлика 80 отсто од населението на САД е под наредба за неизлегување од дома, освен итните случаи. Бајден изјави дека времето на главниот собир на демократите било испланирано да не се совпаден со Летните олимписки игри во Токио, кои требаше да се одржат на 24 јули. Но летната Олимпијада е одложена за 2021 година, така што и Демократската партија, зависно од ситуацијата, може да го одложи собирот. -Имаме доволно време. Треба да го направиме она што го правевеме како за време на Граѓанската војна така и за време на Втората светска војна, собирите на Демократската и Републиканската партија, прејмеризите или изборите да се организираат, но притоа да се гарантира јавна безбедност. Способни сме да го направиме тоа, а и многу други работи, рече Бајден во интервјуто. Во врска со претседателските изборите планирани за 3 ноември, тој изјави дека властите на сојузните држави треба да подготват гласачки ливчиња за гласање од далечина, преку пошта, а исто така да се разгледа и можноста за електронско гласање. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан