• вторник, 19 ноември 2024

Бајден се надева на усвојување на социјалната и климатска агенда пред да оди во Глазгов

Бајден се надева на усвојување на социјалната и климатска агенда пред да оди во Глазгов
Вашингтон, 25 октомври 2021 (МИА) -  Претседателот на САД Џо Бајден излезе со коментар за синоќешните разговори со сенаторите, демократот Чак Шумер и републиканецот Џо Манчин, кои се одржаа во неговиот дом во Делавер, а се однесуваат на инфраструктурниот план што вклучува социјална сигурност и борба со климатските промени. Шумер е лидер на сенатското мнозинство, Манчин е меѓу најгласните републиканци во барањето за кратење на сумите од првично побараниот план во висина од 3.5 трилиони долари. Одговарајќи на прашање на новинари пред да полета од Делавер, претседателот укажа дека средбата поминала „добро“ и изрази надеж дека ќе се случи усогласување до неговото патување на конференцијата за климата на ОН во Глазгов идната недела. Тој кажа дека не знае кога може да се случи гласањето во Конгресот но истакна дека „би било мошне добро ако тоа да се случи пред патувањето“. Како што вчера соопшто претставник на Белата куќа, разговорите со сенаторите се во рамки на обидите на демократите во Конгресот да се постигне согласност за нацрт законот за социјални расходи. Американски медиуму пренесуваат дека партиите се уште се немаат приближено до пакетот од два трилиони долари. При негово усвојување, Претставничкиот дом би можел да усвои надпартиски нацрт закон за развој на инфраструктурата што ќе отвори пат за внесување обемен и амбициозен социјален план со проширување на бенефициите за американските семејства, каков што немало во изминатите 60 години. Републиканците во Сенатот засега не даваат поддршка за планот на демократите и бараат други концесии. Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека демократите се сплотени во постигање согласност по социјалната и климатската агенда на Бајден, надминувајќи повеќе несогласици како обезбедување здравствени услуги. кб/ссм/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан