• недела, 22 декември 2024

Бајден по претседателските избори во Тајван: САД не ја поддржуваат независноста на островот

Бајден по претседателските избори во Тајван: САД не ја поддржуваат независноста на островот

Вашингтон, 13 јануари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека неговата земја не ја поддржува независноста на Тајван, откако на претседателските избори на островот победи Лаи Чинг-те, познат како Вилијам Лаи.

„Ние не ја поддржуваме независноста“, рече Бајден.

САД не го признаваат Тајван како држава и ја сметаат Кина за единствената легитимна влада, но сепак на островот му обезбедуваат голема воена помош.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен (Ентони) им ја честиташе победата на кандидатот Лаи Чинг-те, како и на народот на Тајван за нивниот „цврст демократски систем“ по претседателските избори.

Кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) Лаи Чинг-те е победник на денешните претседателски избори во Тајван, според речиси целосно преброените гласовите, а неговите противници веќе го признаа поразот.

Гласачите денеска избраа нов претседател на Тајван и нов состав на Парламентот. Досегашниот потпретседател Лаи Чинг-те, од владејачката Демократска прогресивна партија, освои 40,2 отсто од гласовите, според официјалните резултати, врз основа на преброените материјали од 98 отсто од избирачките места.

Кина пред изборите оцени дека Лаи претставува сериозна опасност поради неговите ставови во прилог на независноста на Тајван, кој Кина го смета за своја територија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан