• понеделник, 23 декември 2024

Бајден победи на демократските прелиминарни избори во Мисури

Бајден победи на демократските прелиминарни избори во Мисури

Вашингтон, 27 март 2024 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден победи на демокартските прелиминарни избори во Мисури. Огранокот на Демократската партија во оваа држава соопшти за тоа синоќа, неколку денови по затворањето на гласачките места во саботата.

Победата на Бајден не беше ставена под знак прашање, но аналитичарите се уште внимателно ја следат излезноста и бараат признаци на протестно гласање на демократските првични избори.

Гласањето во Мисури во саботата беа првите претседателски привични избори што партијата ги организираше по стапувањето во сила на новиот закон во Мисури лани во август. Партијата соопшти дека на гласањето учествувале 20.000 избирачи.

Републиканците во Мисури годинава претпочитаа да организраат кокус (собранија на подржувачите на партијата со гласање), на кој победи поранешиот претседател Доналд Трамп. кб/сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан