• петок, 22 ноември 2024

Бајден и Лула најавија ново партнерство за поддршка на работничките права

Бајден и Лула најавија ново партнерство за поддршка на работничките права

Њујорк, 21 септември 2023 (МИА) - Претседателите на Соединетите Американски Држави и Бразил, Џозеф Бајден и Луис Инасио Лула да Силва, денеска на состанокот во Њујорк ја изразија својата взаемна наклонетост кон правата на работниците, јасно воздржувајќи се од презентирање на какви било разлики во врска со војната во Украина и други прашања.

Бајден и Лула се сретнаа на маргините на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации за климатските промени.

Претседателите на двете најголеми демократии во Северна и Јужна Америка најавија ново партнерство за поддршка на работничките права, притоа избегнувајќи отворени дискусии за руската инвазија на Украина и американското ембарго против Куба.

Бајден и Лула истакнаа дека имаат заеднички цели.

Бајден, долгогодишен поддржувач на синдикатите, се обиде да го поврзе состанокот со Лула со проблемите на американските работници и тие се важен дел од неговата кампања за реизбор на претседателската функција во 2024 година. Тој ги поддржува тековните големи и важни штрајкови на работниците во автомобилската и филмската индустрија кои бараат подобри плати и заштита на правата во глобалната економија која паѓа.

-Кога средината е добро, на сите им оди. Луѓето од работничката класа имаат шанса да напредуваат. А на богатите сè уште им оди добро - се додека плаќаат даноци, му рече Бајден на Лула.

Лула, пак, посочи дека никогаш не слушнал американски претседател да зборува толку позитивно за работниците и ја опиша нивната заедничка кауза како шанса да се трансформираат врските меѓу нивните две земји. 

-Оваа средба за мене е повеќе од билатерална, тоа е раѓање на нова ера во односите меѓу САД и Бразил, рече Лула нарекувајќи ја средбата како „златен момент за нас“.

Целта на нивното ново партнерство за трудот е да се запре експлоатацијата на работниците и принудната и детската работа, како и дискриминацијата на работното место, истовремено создавајќи можна рамка за другите да се приклучат на Групата 20. Двајцата лидери, исто така, сакаат да гарантираат дека транзицијата од фосилни горива кон обновлива енергија ќе се фокусира на правата на работниците. мс/

фото: ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан