• петок, 22 ноември 2024

Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома

Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома

Вашингтон, 20 септември 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „работи“ на тоа да им се дозволи на луѓето да се вратат во своите домови на тензичната израелско-либанска граница, во неговите први коментари за ситуацијата по бранот експлозии на пејџери и воки-токи насочени кон терористичката група Хезболах.

Бајден на почетокот на состанокот на кабинетот изјавил пред новинарите дека сака „да се увери дека луѓето во северен Израел, како и во јужен Либан ќе можат да се вратат во своите домови, да се вратат безбедно“.

- И државниот секретар, секретарот за одбрана, целиот наш тим работи со разузнавачката заедница за да се обиде да го направи тоа. Ќе продолжиме со тоа додека не го завршиме, но имаме уште да работиме, рече Бајден.

Фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан