• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Деведесет отсто од Американците ќе можат да се вакцинираат од 19 април 

Бајден: Деведесет отсто од Американците ќе можат да се вакцинираат од 19 април 

Вашингтон, 29 март 2021 (МИА) - Администрацијата на САД прави се што е во нејзина моќ сите категории граѓани да бидат вакцинирани што поскоро, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. 

На конференција за новинарите во Белата куќа, Бајден укажа дека 90 отсто од возрасните во САД ќе имаат можност да се вакцинираат од 19 април, а останатите десет отсто од 1 мај. Вакцинацијата ќе се извршува во локалните аптеки и супермаркети.

-Сите возрасни Американци ќе имаат можност да изберат место за вакцинација не подалеку од пет милји од своите домови... Се уште сме во војна со оваа болест, и мораме да ја победиме со пресврт во вакцинацијата, изјави тој на брифингот денескакб/сд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан