• понеделник, 23 декември 2024

Бајден го номинира Пит Бутиџич за министер за транспорт

Бајден го номинира Пит Бутиџич за министер за транспорт
Вашингтон, 15 декември 2020 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го номинира поранешниот ривал во претседателската кампања, Пит Бутиџич за министер за транспорт, пренесоа американските медиуми. Оваа номинација го прави Бутиџич првиот деклариран геј за член на претседателскиот кабинет. Бутиџич, поранешен градоначалник на мал град во Индијана, имаше неверојатен политички подем додека се бореше за претседателската номинација на демократите во 2020 година. Бутиџич (38) им постави сериозен предизвик на Бајден и другите демократски кандидати пред да се откаже од трката, во март 2020 година, и потоа да го поддржи Бајден. Кандидатурата на Бутиџич ќе треба да ја потврди Сенатот за тој и официјално да се приклучи кон кабинетот на Бајден како министер за транспорт. сд/

Остани поврзан