• недела, 24 ноември 2024

Бајден ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи за членство на Финска и Шведска во НАТО

Бајден ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи за членство на Финска и Шведска во НАТО
Вашингтон, 9 август 2022 (МИА) – Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска. По овој повод, државниот секретар Ентони Блинкен ги повика и преостанатите земји-членки на Алијансата да ги ратификуваат протоколите. - Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои силна, сојузна и двопартиски поддршка за апликациите за членство на Финска и Шведска, и се надевам на нивно брзо влегување во најсилната одбранбена алијанса во историјата, изјави Блинкен. Тој додаде дека НАТО останува посветено и на својата политика на отворени врати и на јакнење на билатералната одбрана и соработка во безбедноста. кб/ми/

Остани поврзан