Башеле: Има извештаи за сериозни прекршувања на човековите права од талибанците во Авганистан
- Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права, Мишел Башеле денеска изјави дека добила веродостојни извештаи за сериозни прекршувања на човековите права извршени од талибанците во
Женева, 24 август 2021 (МИА) - Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права, Мишел Башеле денеска изјави дека добила веродостојни извештаи за сериозни прекршувања на човековите права извршени од талибанците во Авганистан.
Таа рече дека извештаите вклучуваат наводи за погубување цивили и ограничувања на правата на жените, како и кршење на правата за време на протестите против владеењето на талибанците.
Мишел Башеле го повика Советот на ОН за човекови права, кој итно заседава на барање на Пакистан и Организацијата за исламска соработка, да воспостави механизам за внимателно следење на акциите на талибанците.
„Основната црвена линија треба да биде третманот на талибанците кон жените и девојчињата“, порача Башеле на состанокот во Женева.
Талибанците, кои се залагаат и спроведуваат конзервативни, шеријатски исламски закони, ја презедоа власта во Авганистан по заземањето на Кабул на 15 август, кога соборениот претседател Ашраф Гани избега од земјата. паг/