• понеделник, 23 декември 2024

Барселона првпат во историјата испадна од ЛШ откако победи на гостински натпревар

Барселона првпат во историјата испадна од ЛШ откако победи на гостински натпревар

Барселона, 17 април 2024 (МИА) - Барселона за прв пат во историјата испадна од плејофот во фудбалската Лига на шампионите откако победи на гостински натпревар.

Каталонците синоќа загубија од Пари Сен-Жермен со 1:4 и по два натпревари со вкупни 4:6 се елиминирани во полуфиналето.

Досега Барселона секогаш одела понатаму кога победувала на теренот ан противникот.

ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Борусија Дортмунд.

Другата полуфинална двојка ќе биде формирана вечер по одигрувањето на реваншите на средбите Манчестер сити – Реал Мадрид (3:3 прв натпревар) и Баерн – Арсенал (2:2 прв натпревар). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан