• понеделник, 23 декември 2024

Барселона не смета Пјаниќ

Барселона не смета Пјаниќ
Барселона, 11 јули 2022 (МИА) - Барселона е пред разделба со играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ. Во исто време, Каталонците сакаат тоа да се случи што е можно поскоро. Многу веројатно, 32-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина да не замине на претсезонска турнеја низ САД, каде Барселона ќе оди на 16 јули. Пјаниќ минатата сезона ја мина на позајмица во Бешикташ. Неговиот договор со каталонскиот клуб е со важност до јуни 2024 година. зс/

Остани поврзан