• недела, 22 декември 2024

Барселона нема да добие два милиона евра бонуси за Суарез поради раното испаѓањето на Атлетико од ЛШ

Барселона нема да добие два милиона евра бонуси за Суарез поради раното испаѓањето на Атлетико од ЛШ
Барселона, 18 март 2021 (МИА) - Атлетико загуби од Челзи во осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите (0:3 вкупен резултат) и го заврши турнирот. Поради испаѓањето на мадридскиот тим во толку рана фаза, Барселона нема да ги добие двата милиона евра кои беа предвидени како бонуси во зделката за трансфер на напаѓачот Луис Суарез. Уругваецот се приклучи на Атлетико минатиот септември. Каталонците добија пет милиони евра како фиксна сума, други шест милиони беа обезбедени во форма на бонуси. Два од нив беа награда за евентуален пласман на Атлетико во четвртфиналето во Лигата на шампионите оваа сезона. Барса може да добие два милиони ако Мадрид се пласира во четвртфиналето следната година. Уште два милиона каталонскиот клуб ќе добие, откако Суарез го одигра 20. натпревар во тековната сезона во Ла Лига. зс/

Остани поврзан