• четврток, 04 јули 2024

Барселона е подготвена да го продолжи договорот со Семедо

Барселона е подготвена да го продолжи договорот со Семедо
Барселона, 3 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо може да го обнови договорот со каталонскиот клуб. Според „Мундо Депортиво“ раководството на Барселона е во преговори со агентот на 26-годишниот фудбалер за можно продолжување на договорот до 2025 година. Новиот договор ќе значи и поставување на износ на обесштетување во висина од 100 милиони евра. Тековниот договор на Семедо е со важност до 2022 година. Во сезоната 2019/20, Семедо одигра 40 натпревари на сите турнири, во кои постигна еден гол, направи три асистенции и заработи пет жолти картони. зс/

Остани поврзан