• сабота, 06 декември 2025

Барселона е во преговори со Де Јонг за нов договор

Барселона е во преговори со Де Јонг за нов договор

Барселона, 20 сешптември 2025 (МИА) - Спортскиот директор на Барселона, Деко, се надева на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Френки де Јонг.

- Во преговори сме со Френки. Уверен сум дека ќе постигнеме договор. Тој е важен фудбалер за нас. Мислам дека е среќен во Барселона, а и ние сме среќни со него.Значи, не мислам дека ќе има никакви проблеми, изјави Деко за француските медиуми.

Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец има тековен договор до летото 2026 година. Тој одигра три натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан