Барселона го разгледува Халанд како долгорочна замена за Левандовски
- Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија.
Манчестер, 21 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија.
Според „Фудбал Инсајдер, Барселона е заинтересирана за 25-годишниот Норвежанец. Каталонците го гледаат напаѓачот како долгорочна замена за Роберт Левандовски.
Халанд е во Манчестер сити од летото 2022 година. Тој одигра 151 натпревар за англискиот клуб, постигнувајќи 130 гола и 21 асистенција. зс/
Фото: ЕПА