Барселона го декласира Комо во купот „Гампер“
- Барселона синоќа го победи Комо со 5:0 во купот „Жоан Гампер“.
Барселона, 11 август 2025 (МИА) - Барселона синоќа го победи Комо со 5:0 во купот „Жоан Гампер“.
Фермин Лопез и Ламине Џамал постигнаа по два гола, а Рафиња додаде уште еден гол.
Купот Гампер се одржува секоја година и е именуван во чест на легендарниот претседател и основач на Барселона, Жоан Гампер. Од 1997 година турнирот се состои од еден натпревар.
Во 2024 година, Каталонците загубија од Монако со 0:3. зс/
Фото: ЕПА