• понеделник, 23 декември 2024

Барселона во последен обид да го ангажира Лаутаро

Барселона во последен обид да го ангажира Лаутаро
Барселона, 24 септември 2020 - Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез сепак може да се пресели во Барселона. Каталонскиот клуб ќе направи последен обид да го ангажира 23-годишниот Аргентинец во следните неколку часа, пренесува „Марка“. По заминувањето на Артуро Видал, Нелсон Семедо, Артур, Иван Ракитиќ и Луис Суарез, Барса заштеди околу 70 милиони евра за плата, плус Вулверхемптон плати 30 милиони за Семедо. Барселона сега има можност да потпише со Лаутаро. Интер тврди дека тие го ценат играчот на 100 милиони евра. Барса знае дека ако плати толку многу, повеќе нема да може да потпише никого. Ова е проблем бидејќи Каталонците сакаат да ја засилат одбраната. Доколку нема договор со Интер, клубот ќе бара алтернативни опции. Еден од нив е Мемфис Депај од Лион, префериран избор на тренер Роналд Куман. зс/

Остани поврзан