• сабота, 23 ноември 2024

Барса ќе ја прифати понудата на Вулверхемптон за Нелсон Семедо

Барса ќе ја прифати понудата на Вулверхемптон за Нелсон Семедо
Барселона, 20 септември 2020 (МИА) - Екипата на Вулверхемптон е многу близу до привлекување на десниот бек на Барселона, Нелсон Семедо, пренесува новинарот Фабрицио Романо. Во саботата „волците“ дадоа понуда што Каталонците се подготвени да ја прифатат. Според неофицијални информации, таа е во рамките на околу 30 милиони фунти. Останува само да се разјаснат личните услови на Семедо пред да се финализира зделката. Според Романо, трансферот ќе биде затворен во следниве часови, а во меѓувреме Барселона ќе се раздели и со играчот за врска Артуро Видал, кој оди во италијански Интер.

Тагови

Остани поврзан