• понеделник, 23 декември 2024

Барса го продолжи договорот со Нико до 2026 година и го позајми на Валенсија без право на откуп

Барса го продолжи договорот со Нико до 2026 година и го позајми на Валенсија без право на откуп
Барселона, 13 август 2022 (МИА) - Барселона го продолжи договорот со Нико Гонзалес и го прати на позајмица на Валенсија. Новиот договор со играчот од средниот ред е до 2026 година. Откупната клаузула за предвремен раскин на договорот со каталонскиот клуб е позиционирана на милијарда евра. Договорот за позајмица на 20-годишниот Шпанец со Валенсија не вклучува опција за негов откуп. Нико минатата сезона во Ла Лига настапи на 27 натпревари и постигна два гола. зс/

Остани поврзан