• среда, 03 јули 2024

Барнли со историската, прва победа над Арсенал ја продолжи агонијата на „топчиите“ во Премиер лигата

Барнли со историската, прва победа над Арсенал ја продолжи агонијата на „топчиите“ во Премиер лигата
Лондон, 13 декември 2020 (МИА) – Дијаметрално спротивни изданија прикажува Арсенал во Премиер лигата, во споредба со настапите во Лига Европа каде реди само победи. Вечерва тимот од Лондон на домашен терен загуби од Барнли со 1:0. Гостите ја забележаа првата победа во клупската историја на мечевите со Арсенал. До трите бода Барнли стигна со автоголот на Пјер-Емерик Обамејанг во 73.минута. По 12 кола Арсенал има освоено само 13 бода со биланс четири победи, еден нерешен исход и дури седум порази за 15.место на табелата. Барнли е на 17. место со девет бода од 11 средби. зс/

Остани поврзан