• петок, 05 декември 2025

Барди со гол дебитираше за Коњаспор

Барди со гол дебитираше за Коњаспор

Истанбул, 11 август 2025 (МИА) - Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол на свој прв официјален натпревар за Коњаспор.

Македонецот вчеравечер на средбата со Ејупспор погоди од пенал во 33.минута.

Коњаспор го доби мечот со 4:1 и во моменто заедно со Галатасарај и Гезтепе се на врвот на табелата во турската Супер лига. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан