• петок, 05 декември 2025

Бандера паднала и предизвикала пожар, паднати и големи гранки од дрвја како последица на невремето во општина Кавадарци 

Бандера паднала и предизвикала пожар, паднати и големи гранки од дрвја како последица на невремето во општина Кавадарци 

Кавадарци, 27 јуни 2025 (МИА) - Бандера паднала и предизвикала пожар, паднати биле и големи гранки од дрвја како последица на невремето што беше попладнево во општина Кавадарци, кај црквата „Свети Димитрија“ во новиот центар на градот и кај ваташката пошта. Гранките биле веднаш отстранети бидејќи го попречувале патот.  Оваа информација вечерва ја потврди за МИА, командирот на Територијалната противпожарна единица, Александар Чадамов. 

Неколку интервенции имала Противпожарната служба денеска во Кавадарци, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица. 

- Само попладнево ТППЕ Кавадарци имаше неколку барање за интервенции за настанати пожари. Интервенции за запалена куќа во Општина Росоман, среќа на брзата интервенција на домаќините и соседите па куќата е зачувана, нтервенција во село Марена при запалена сува трева кај трафостаница,  во село Возарци гореа сува трева и отпад до самиот објект на селската задруга, интервениравме и спрема село Сопот во близина за задругата,  во атарот на село Сирково, појаснија од Противпожарната.  

Било интервенирано и на падната бетонска бандера. 

- Во моментов заедно со  Ј.П Комуналец интервенираме во расчистување на паднати гранки од  дрвја од невремето што го зафати градот ова попладне. 
Повикани се и дополнителен број пожарникари од дома, кои не беа на смена и секаде е пристигнато на време, истакнаа од ТППЕ Кавадарци. 

Пред сите овие интервенции,  пожарникарите имале обука на 40 степени целзиусови, за спасување на повреден во сообраќајна незгода. свд/аа/

Фото: Фејсбук на ТППЕ Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан