• вторник, 05 ноември 2024

Бали полека се отвора за странските туристи

Бали полека се отвора за странските туристи
Џакарта, 14 октомври 2021 (МИА) - Светски познатата туристичка дестинација на Индонезија - островот Бали полека се отвора за странските туристи. Од денеска, целосно вакцинирани посетители од 19 земји, вклучително и Кина, Индија и Франција, може да го посетат Бали, но петдневен карантин во хотелот е задолжителен. Засега нема меѓународни летови, а властите го затворија меѓународниот аеродром во април лани, поради коронавирусот. Во јули годинава, Индонезија стана жариште на Ковид-19 во Азија, но дневниот број на нови заразени е значително намален. Бали е меѓу областите со највисок процент вакцинирано население во земјата - над 82 отсто од луѓето на островот се целосно вакцинирани. Откако беше објавен списокот земји од кои луѓето може да дојдат на Бали, почнаа подготовките на хотелите, рестораните и други стопански гранки. Во нормални услови, островот бележи шест милиони странски гости.  си/паг/

Остани поврзан