• петок, 22 ноември 2024

Балетска премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ

Балетска премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ
Скопје, 9 март 2022 (МИА) - Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ - балет во девет слики. Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук. Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, асистенти на кореографот се Горан Божинов, Саша Евтимова, а костимограф е Раде Василев. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев. ки/дма/    

Остани поврзан