• понеделник, 15 јули 2024

Балак: Вирц дефинитивно може да игра за Реал

Балак: Вирц дефинитивно може да игра за Реал

Леверкузен, 22 мај 2024 (МИА) - Легендата на германскиот фудбал и поранешен играч на Баер Леверкузен Михаел Балак ги изрази своите впечатоци за младата ѕвезда на „аспирините“ и на Бундеслигата, Флоријан Виртц, кој е избран за играч на сезоната во Бундеслигата.

По неговиот импресивен настап со Леверкузен, со кој стана германски шампион, Вирц стана интересен на голем број гиганти, а Балак верува дека напаѓачот е подготвен да се пресели во Реал Мадрид.

-Вирц е подготвен за Реал Мадрид. Кога станува збор за фудбалот, Вирц дефинитивно може да игра за Реал. Тоа можете да го видите и во Џуд Белингем по неговата преселба од Борусија Дортмунд таму - кога играте со уште подобри играчи, станувате уште подобар, прокоментира Балак во интервју за германскиот весник „Спорт Билд“.

И покрај сите шпекулации, Вирц има договор со Баер до јуни 2027 година, а неговата желба е да остане на БајАрена.

Во тековната кампања има 18 гола и 20 асистенции во 47 натпревари со тимот на „аспирините“ кои ги чека финале во Лига Европа и Купот на Германија. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан