• недела, 22 декември 2024

Баерн нема дилеми за продолжување на договорите со Левандовски, Ноер и Милер

Баерн нема дилеми за продолжување на договорите со Левандовски, Ноер и Милер
Минхен, 17 март 2022 (МИА) - Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, изрази уверување дека клубот ќе ги продолжи договорите со голманот Мануел Ноер, играчот од средниот ред Томас Милер и напаѓачот Роберт Левандовски. - Смирени сме околу преговорите со Левандовски, Нојер и Милер. Имаме уште доволно време и играчите го знаат тоа. Левандовски разбира колку сериозно го цениме, изјави Хајнер. Договорите на Ноер, Милер и Левандовски со Баерн важат до крајот на јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан