• недела, 30 јуни 2024

Баерн е подготвен да го пушти Дејвис во Реал за 50 милиони евра

Баерн е подготвен да го пушти Дејвис во Реал за 50 милиони евра

Минхен, 24 октомври 2023 (МИА) – Бундеслигашот Баерн Минхен ја определи сумата за која е подготвен да го пушти дефанзивецот Алфонсо Дејвис во Реал Мадрид.

Според „Билд“, тимот од Минхен очекува да заработи најмалку 50 милиони евра од продажбата на 22-годишниот Канаѓанец. Реал Мадрид сака да го ангажира фудбалерот за 40 милиони евра.

Договорот на Дејвис со Баерн е до летото 2025 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.

Оваа сезона Дејвис има одиграно 12 натпревари и креирано три асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан