• петок, 14 јуни 2024

Баерн го декласира Шалке на отворањето на новата сезона во Бундеслигата

Баерн го декласира Шалке на отворањето на новата сезона во Бундеслигата
Минхен, 18 септември 2020 (МИА) – Актуелниот европски и германски фудбалски шампион, Баерн Минхен, силно тргна кон одбрана на трофејот во Бундеслигата. Баварците вечерва на отворањето на новата сезона во Германското фудбалско првенство, забележаа убедлива победа над Шалке 8:0. Головите ги постигнаа: Серж Гнабри – три, Роберт Левандовски, Леон Горетцка, Томас Милер, Лерој Сане и Џамал Мусиала. Другите натпревари од 1. коло се играат утре и в недела. зс/

Остани поврзан