• среда, 20 ноември 2024

Баербок: Потребна е модернизација на железниците за извлекување на житото од Украина

Баербок: Потребна е модернизација на железниците за извлекување на житото од Украина
Луксембург, 20 јуни 2022 (МИА) – Германија ги поддржува Полска и Романија во адаптирањето на нивните железници со цел да се овозможи извоз на милиони тони жито заглавени во Украина поради руската морска блокада, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок. Таа додаде дека германската Влада соработува со „многу други актери“ на модернизација на железниците, како и оти се потребни „вистински товарни вагони“. - Јасно е дека, на крајот, сигурно нема да можеме да го извлечеме целото жито, но ако дури и успееме да ослободиме дел од него, по различни рути, тоа ќе ни помогне да се соочиме со овој глобален предизвик, наведе Баербок. ми/

Остани поврзан