• среда, 20 ноември 2024

Баербок: Потребен е дијалог со Русија

Баербок: Потребен е дијалог со Русија
Берлин, 5 јануари 2022 (МИА) - Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок пред денешната средба во Вашингтон со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, ја нагласи потребата од дијалог со Русија со цел да се спречи конфликт во Украина.

- Што се однесува до Русија, заедничката порака на Европејците и на САД е јасна: руското дејствување има јасна цена, а единствениот излез од оваа криза е преку дијалог. Влегуваме во клучна фаза, во која се неизбежни важни разговори на различни нивоа. Иако форматите на разговорите се различни, нашите пораки до Владата во Москва како трансатлантски партнери се секогаш исти, истакна Баербок.

Поради распоредувањето на руски војници на украинската граница, претставници на САД и на Русија ќе имаат средба на 10 јануари во Женева, а НАТО договори средба на амбасадорите на земјите-членките и на највисоките руски претставници два дена подоцна. ми/

Остани поврзан