• понеделник, 23 декември 2024

Бадникова поворка на Широк сокак во Битола

Бадникова поворка на Широк сокак во Битола

Битола, 6 јануари 2024 (МИА) - Ученици од битолските училишта поддржани од Општина Битола и преспанско-пелагониската епархија ја продолжија традиционалната Бадникова поворка на Широк сокак.

Во центарот на градот одекна божиќната песна „Вечниот бог“ која децата со ѕвезди во рацете ја испеаја и во храмот „Св. велокомаченик Димитрија“.

-Благодариме на сите кои денес го исполнивте храмот и заедно ја испеавме Божикната песна. Вие, дечињата, најдобро го најавивте Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, кои ја симболизираат Божикната ноќ, која е пред нас, кога е роден нашиот Бог, истакнаа свештеници од преспанско-пелагониската епархија.

Во Бадниковата поворка учествуваа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, пратеничката Олга Лозановска и други јавни личности од градот. мт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан