• недела, 22 декември 2024

Бабиш се изјасни против коалиција со радикалите и против референдум за излегување од ЕУ и од НАТО

Бабиш се изјасни против коалиција со радикалите и против референдум за излегување од ЕУ и од НАТО
Прага, 1 октомври 2021 (МИА) - Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска ја исклучи можноста да формира влада со радикалните националисти по претстојните парламентарни избори и оти нема да го поддржи нивното барање за распишување на референдум за излегување на Чешка од Европска Унија и од НАТО. - Не, сигурно не. Нема да поддржиме референдум за излегување од ЕУ. Видете што се случува во Велика Британија, немаат храна, немаат возачи, затворени се бензинските пумпи, нема лекови. Тоа е катастрофа, истакна Бабиш. Тој додаде дека неговата Влада и партија ја критикуваат бирократијата во ЕУ, но оти за Чешка е важно да биде полноправна земја-членка на Унијата. - Ние сакаме да ја менуваме ЕУ во корист на сите Европејци, но секако пред се во корист на Чешка. Значи ние не сме за никаков референдум, сметаме дека е важно то сме во ЕУ, таму оди 87 отсто од нашиот извоз. Во шенген-зоната сме, тоа е важно за нас, посочи Бабиш. Парламентарните избори во Чешка се закажани на 8 и 9 октомври, а според најновите анкети партијата АНО на премиерот Бабиш би освоила 25 проценти од гласовите, додека двете коалиции на десниот центар, кои одбиваат да соработуваат со Бабиш, би можеле да добијат повеќе од 40 проценти од гласовите. ми/

Остани поврзан