• петок, 22 ноември 2024

Бабата на убиениот Нахел повика на прекин на нередите во Франција

Бабата на убиениот Нахел повика на прекин на нередите во Франција

Париз, 2 јули 2023 (МИА) - Бабата на 17-годишниот Нахел чие убиство во вторникот предизвика бран нереди во Франција, денеска повика на смиреност, а нејзиниот внук да не се користи како изговор за насилства.

- На луѓето што кршат им велам: запрете! Не кршете ги излозите, училиштата и автобусите! Запрете, мајките се качуваат во автобусите, мајките излегуваат надвор. Нека се смират овие млади луѓе, изјави  70-годишната Надија за француската телевизја БМФ.

Таа истакна дека оние кои кршат и вршат насилства ја користат смртта на нејзиниот внук само како како повод. Вели дека е лута на полицаецот кој пукал во Наел, но не сака да прави генерализации за однесувањето на француската полиција.

Нахел беше убиен од полицаец во вторникот во предградие на Париз. Полицаецот беше приведени и против него е поднесено обвинение за убиство со умисла.

Убиството на момчето предизвика бран немири во поголемите градови во Франција, кои траат веќе шест дена.са/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан