• недела, 17 ноември 2024

Ајкула доби потомство иако живее во базен само со женки

Ајкула доби потомство иако живее во базен само со женки
Рим, 1 септември 2021 (МИА) - Ајкула женка, која минала 10 години во аквариум без ниту еден мажјак, сепак доби свое потомство, јавуваат италијанските медиуми. Реткиот случај е забележан во аквариумот „Кала Гононе“ на Сардинија, каде што ајкулата со години живеела само со женки. Малечкото го доби името Испера (Надеж). Изненадувачкиот настан се припишува на тн. „партегонеза“, или „девствена заедница“ - несексуална репродукција за којашто не е потребна сперма за оплодување на јајцето. Партеногенезата е присутна кај некои видови и - исклучоци кај влекачи, риби, па дури и птици кои обично се размножуваат сексуално. Ова е особено точно за популации каде што жените имаат мали шанси да се бидат со партнери. Овој конкретен случај може да биде и единствената партеногенеза кај овој вид ајкули. Партеногенезата е забележана кај различни видови ајкули, но не и кај видот „Mustelus mustelus“ на којшто му припаѓа оваа ајкула.  си/

Остани поврзан